skip to Main Content
Љубов ли е ова или панаѓур

Љубов ли е ова или панаѓур

Од памтивек, во царските дворци имало домашни културни миленичиња.
Трамп си го има Кање Вест, Томсон и Колинда, ЦИА со MTV, Чорба со Равна Гора, а оној Македонецот би сакал со сите..
Културата ни е венчана со фотељи, денес туѓи, утре твои.. како да се одвои и опстои сама, зошто уметниците се делат, играат од спротивни страни?
Или можеби е независна, оди сама, лута по сокаци и не знае каде да седне?
Конкурси? Има ли критериуми, какви, кој ги оценува, чија е одговорноста?
Чекаш ли дел од колачот, има ли други алтернативи?
Треба ли пари од државата за да бидеш активен…?
Нема Метрополис, нема Универзална, нема клубови..Скопје е МКЦ?
Што е тоа независен културен простор, сала за концерти, млад менаџерски потенцијал, квалитет, промоција дома и во светот, експорт биро, шоукејс, авторски права, културен данок, касетна продукција, закон за спонзорства во културата..
Скопје град на културата 2028.. кoj ja режира таа Одисеја…Може ли да помогнеме?

Модератор:
Мирко Попов – PMG Recordings (MK)
Говорници:
Симона Димковска – Cultural Echoes (MK)
Кристина Леловац – Tiiit.inc (MK)
Гоце Трпков – DJ Goce / SAF (MK)
Русе Арсов – МКЦ (MK)
Филип Аврамчев – Универзална сала (MK)
Билјана Прентовска – Министерство за култура (MK)

Back To Top