ПРОТОКОЛ НА ПИН МУЗИЧКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА И ШОУКЕЈС ФЕСТИВАЛ

 

Со овој протокол се регулираат активностите и начинот на организација на концертите и конференциската програма на ПИН (26-28 ноември, 2020), во согласност со Уредбите на Владата на РСМ за одржување на културни настани во затворени простори за време на пандемијата.

Максималниот број на посетители на концертите и конференцијата е 30% од вкупниот број на седишта, со прецизно обележани места за седење и физичка дистанца од најмалку 1.5 метри. Не се дозволува стоење и групирање на посетителите за време на концертите и конференцијата. За да нема задржување и групирање на посетителите, редарите во салата навремено ќе ја упатуваат публиката до своите седишта.

Задолжително е постојано носење на заштитна маска. Ова се однесува на сите посетители и членови на тимот задолжен за организација, внатре во салата и пред нејзините влезови. При влегувањето, задолжителна е дезинфекција на рацете и мерење на телесната температура. Пред влезовите ќе бидат точно обележани местата за чекање на публиката за влез во објектот, со цел одржување на потребното растојание. Редарите ќе го контролираат потребното растојание од минимум 1.5 метри помеѓу посетителите. На надворешните влезови, пред почетокот и по завршетокот на концертите и конференцијата, како и за време на паузата, не е дозволено групирање на повеќе од 4 лица.

Дезинфекција на просторот и тоалетите ќе се врши пред и по завршување на концертите и конференцијата. За оваа намена ќе се користат средства специфицирани од здравствената комисија. Средства за дезинфекција на рацете ќе бидат поставени и на повеќе места во фоајето.

На повеќе видливи места во просторот има поставено табли со конкретни насоки за однесувањето и почитувањето на мерките од страна на посетителите.

Редарите ќе го контролираат спроведувањето на горенаведените мерки на влезот и во просторот каде што се одржува настанот.