Придружи се!

ПИН Музичката Конференција ги повикува сите млади луѓе од Македонија кои сакаат да стекнат драгоцени искуства од фестивалскиот организациски ангажман, да се пријават на конкурсот и на тој начин да станат дел од тимот.

PIN_MUSIC_CONFERENCE

Сите заинтересирани кои сакаат да се пријават на конкурсот и да станат дел од тимот, можат да се пријават преку и-мејл на gorjana@password.mk со „subject“: „Пријава за волонтер на Таксират и ПИН 2018“, да го запишат своето целосно име и презиме, број за контакт, фејсбук линк (доколку има) и возраст.

За да стане волонтер, кандидатот мора пред сè да ја помине селекцијата.

Волонтирањето ќе трае пред и за време на ПИН Музичката Конференција, а по завршувањето на волонтирањето, волонтерите добиваат сертификат кој го докажува нивниот ангажман на конкретната работна позиција на фестивалот.

Пријавувањето е до 1ви ноември.

PIN_MUSIC_CONFERENCE