Излажи ме!

Таксират е од сите вери надвор и затоа, има искрена желба, веќе 21 година да направи една (минимална) културна и едукативна промена. Средбата со Таткото на Градот е можност да се слушнеме во живо за старо-новите идеи на еден урбан град. Ние не го изградивме градот, не го запустивме – ние сакаме да живееме и да твориме во него. За таа цел, ќе зборуваме за нови културни центри, Скопје: Град на културата, транспарентна распределба на средствата, локали и простори за творење од сите области на културата за стотици млади, промоција на градот како Европски урбан центар!

П.С. Ова не е партиски панел и секој злонамерник се замолува да седи дома и да коментира кајшто е најсилен: на „social media“ – а ние ќе овозможиме стриминг!

Модератор: Васил Ѓуроски
Говорници: Петре Шилегов, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска, Небојша Вилиќ