pinconference-2019-cover

Волонтирај

Волонтирај на најкул меѓународната музичка конференција и на најкултниот музички фестивал ТАКСИРАТ!

PIN the dates :: 27-30 Ноември, МКЦ
ТАКСИРАТ офф-програма :: 01-06 Декември, МКЦ
ТАКСИРАТ главна вечер :: 07 Декември, Борис Трајковски

Сакаш да си дел од меѓународна музичка конференција во Скопје? Да бидеш во друштво со интернационални музички експерти, организатори, сопственици на продуцентски куќи, музичари, промотори? Сакаш одблизу да се запознаеш со светот на музичката индустрија? Не се чуди ако ти кажеме дека постои таква можност.
ПИН – Музичка конференција & Таксират фестивал во својата приказна сака да ги вклучи сите млади луѓе од Македонија кои имаат желба и мотивација да погледнат зад кулисите на оваа индустрија и да се стекнат со искуство во организирање на фестивал.

Волонтирањето ќе трае пред и за време на Пин Музичка Конференција, продолжува со вечерните концерти во склоп на оф-програмата на Таксират и завршува со главната фестивалска вечер во спортски центар Борис Трајковски.

ВОЛОНТЕРСКИ СМЕНИ

Младински културен центар

27 Ноември – 01 Декември (од 10:00 до 01:00 во две смени) – ПИН конференција

02-06 Декември (од 18:00 до 01:00 во една смена) – оф-програма на Таксират

Таксират во Сала Борис Трајковски

07 Декември (од 18:00 – 03:00)

Пријави се ТУКА и стани дел од нашиот тим!

Краен рок 13ти октомври!